Бислимовски: Граѓаните да бидат поштедени од исклучување поради неплатени сметки

Јавноста ќе биде навремено информирана штом ќе биде постигнат договор за начинот на подмирување на сметките кон давателите на енергетски и водни услуги, вели Бислимовски.

Компаниите кои вршат енергетски дејности како и претпријатијата даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од нивните мрежи поради неплатени сметки додека на сила е вонредната состојба поради пандемијата со КОВИД – 19, апелира Регулаторната комисија за енергетика.

– Сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од РКЕ порачуваат дека се во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај со цел, како што велат, да не им бидат на товар на потрошувачите.

Најавуваат дека јавноста ќе биде информирана откако ќе се постигне евентуален договор за конечниот модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот