Бислимовски: Град Скопје и општините солидарно да помогнат за намалување на ефектите од енергетската криза

Трошокот за набавка на природен гас во јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година е зголемен за девет милиони евра. Сметавме дека цел овој трошок не треба да падне на грбот на граѓаните и повикавме на солидарност за помош на потрошувачите од Град Скопје и општините.

Ова вечерва го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски во емисијата „24 анализа” на ТВ24.

Според него, сите треба да покажат солидарност во овие услови на незапаметена енергетска криза со цел да се намалат ефектите од неа врз граѓаните.

Бислимовски посочи дека количините на природен гас за топлинска енергија се обезбедени, а проблем се финансиите на БЕГ за плаќање на природниот гас.

-ТЕТО го набавува гасот од берзата во Австрија и таму имаат 10-годишен договор за набавка на природен гас. Од аспект на количини, тоа е обезбедно, но начинот и перидот на плаќање е проблематичен, рече Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот