7.9 C
Скопје

Бислимоски: РКЕ не носи одлука за крајната тарифа за цената на водата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа во рамки на која советот на општината на предлог на комуналните претпријатија носи одлука за висината на тарифата за граѓаните, информираат од РКЕ.

Во однос на одлуката за просечната тарифа на општина Штип, од РКЕ информираат дека со утврдената минимална тарифа РКЕ овозможува ЈКП „Исар” да ја задржи истата цена како 2020година.

– Во нашата одлука максималната цена е пониска од цената којашто ја побарале од ЈКП „Исар”. За домаќинства ЈКП „Исар” побарале 46,68 денари, а минимална според нас може да биде иста како и сегашната, а максималната 46,39 денари. Дополнително ЈКП „Исар” побараа зголемување на цената на отпадните води, но Регулаторна комисија предложи да се намали, посочува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Прочитајте и...  Бајден повторно воведе ограничување за влез во САД

Определувањето на тарифата на цената на водата, се вели во соопштението од РКЕ, опфаќа неколку фази: РКЕ до Јавните комунални претпријатија предлага минимална и максимална просечна тарифа за цената на вода, по што секое ЈКП формира тарифи кои би ги плаќале различните категории на потрошувачи, кои ги доставува на одобрување на советот на општината која носи конечна одлука за тарифата на водата. Сите општини кои имаат над 10.000 жители добиваат тригодишни предлози за цената на водата за пиење од страна на РКЕ.

Со предложениот опсег за следните три години, се вели во соопштението, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги им овозможи на претпријатијата при определување на крајните цени да ги задржат постојните цени, кои ги наплаќаат во 2020 година, а комуналното претпријатие понатаму одлучува дали ќе достави предлог до општината за покачување на цената или не.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

– РКЕ во моментот има ограничена надлежност во однос на крајната тарифата на цената на водата на пиење. Според законските можности, РКЕ само предлага минимална и максимална тарифа за три години, а понатаму Јавните комунални претпријатија одбираат дали ќе прифатат една од тарифите или нема да прифатат ни еден предлог. Минималната тарифа обезбедува основно функционирање на јавното комунално претпријатие без ниедна инвестиција, додека во формирањето на останатите се вкалкулирани неопходните инвестиции за следната година. Во изминатите години сведоци сме дека општините најчесто се определуваат за минимална просечна тарифа, која не обезбедува инвестиции па се соочуваме со дефекти во водоводната мрежа. Поради оваа пракса, РКЕ бара во целост да ја преземе надлежноста за формирање на тарифата за вода, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Прочитајте и...  Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар