Бислимоски: На државно ниво се губат 64 проценти од водата, тоа е сериозен проблем

Марко Бислимоски

Сериозен проблем во водоснабдувањето се загубите на вода, кои на државно ниво изнесуваат дури 64 проценти, посочи претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски на денешната прес конференција.

Тоа е сериозен проблем, значи вие 100 единици вода да набавите 64 по патот да ги изгубите и до потрошувачите да дојдат само 36. Верувам дека сите овие барања што ги поднесуваат јавните претпријатија ќе придонесат да ги зголемат инвестициите за намалување на процентот на загуби на водата, со што сите ќе добијат подобар квалитет на услугата. Македонија е богата земја во однос на вода, има голем број општини коишто имаат свои извори, значи природна вода без прочистување како што се прави во други градови, но без политизирање да го продолжиме процесот за намалување на губењето вода – вели претстедателот на РКЕ.

Тој посочи дека има тренд на намалување на загубите на вода во однос, на пример, на 2016 и 2017 година кога биле уште повисоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот