Бислимоски избран за нов претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

фото: Слободен печат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски едногласно е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок што се одржува во Атина.

Како што информираат од РКЕ, едногласниот избор на Бислимоски за оваа исклучително важна функција која ќе ја извршува во следните две години, претставува и признание за лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница.

– Претседавањето со Одборот на регулатори на Енергетската заедница од страна на Бислимоски ќе овозможи уште повеќе да се зајакне улогата на Регулаторната комисија за енергетика како една од носечките институции во енергетските реформи во регионот, порачуваат од РКЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот