9 C
Скопје

Бислимоски: Енергетските компании бараат зголемување на нивните цени, ќе ги анализираме доставените податоци

Сите регулирани енергетски претријатија веќе ги доставиле своите барања за определување на цена и на тарифи за пренос и за дистрибуција на електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Сите компании, како што изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, бараат зголемување на нивните цени.

– Премногу е рано да дадам било каква информација за цените што ќе ги плаќаат корисниците за идната година, бидејќи се уште ги немаме разгледано барањата. Сите компании бараат зголемување на нивните цени, но ќе ги изанализираме доставените податоци и врз основа на нашата методологија ќе ги донесеме одлуките, изјави Бислимоски за МИА.

Пред десеттина дена, како што е предвидено со методологијата на РКЕ, како што посочи, МЕПСО, Електродистрибуција, ЕВН Хоум и МЕМО ги доставија своите барања до Регулаторот за определување на цена и на тарифи за пренос и за дистрибуција на електрична енергија.

Прочитајте и...  Денеска се празнува Света Марија Египетска

– Премногу е краток периодот да ги разгледаме барањата. Уште минатата недела почнавме со анализи и ќе го видиме нивниот квалитет, имајќи ја предвид состојбата со потрошувачката на електрична енергија од една страна и трошоците на претпријатијата во изминатиот период. Голем дел од овие регулирани претпријатија не работеа со полн капацитет, бидејќи дел од вработените не доаѓаа на работа поради коронавирусот и затоа немаше и отчитувања на броилата во март. Тоа влијаеше и на намалување на трошоците, рече Бислимоски.

Имаме целосно некарактеристична година, потенцира тој, за која ние ќе треба да определиме цени. Поради тоа, додаде, ќе се сконцентрираме на квалитетот на доставените податоци и доколку треба ќе бараме и дополнителни податоци со цел нашите одлуки да бидат издржани и да нема никакви проблеми при нивната примена.

Прочитајте и...  Хамнеи: Понудите во преговорите за иранскиот нуклеарен договор не вреди да се разгледуваат

– Во овој период пред се сакаме да обезбедиме квалитетни податоци со цел нашите одлуки  да бидат издржани и од аспект на компаниите и од аспект на крајната цена која ќе треба да ја плаќаат  потрошувачите. Ќе се фокусираме на добивање на квалитетни податоци и при тоа компаниите да не очекуваат нивните загуби, кои реално ги имаа, дека во целост ќе паднат на грбот на потрошувачите, туку ќе треба и тие во рамките на своите претпријатија да ја зголемат совојата ефикасност и да го подобрат начинот на работа. Врз основа на тоа ќе имаме цени кои ќе бидат прифатливи за компаниите и ќе ги покриваат нивните оправдани трошоци, но се разбира ќе бидат прифатливи и за потрошувачите, посочи Бислимоски.

Прочитајте и...  Бектеши: Законот за финансиска поддршка за исплата на плати ќе биде изгласан утре

Поврзани вести

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

СП.

Николовски: Објавен оглас за вработување на десет лица кои ќе го засилат тимот за борба против корупцијата

Слободен печат

Бектеши: Владата историски ја зголеми минималната плата

Слободен печат

ВИДЕО: Бајден: Го испративме Бин Ладен до вратите на пеколот, време е нашите трупи да се вратат дома

Слободен печат

Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Слободен печат

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН

СП.

Остави Коментар