Бислимоски: Домаќинствата да поставуваат фотоволтаици, ЕВН ќе го откупува вишокот струја

Марко Бислимовски / Утрински брифинг
Марко Бислимовски / Утрински брифинг

Во поставувањето на сончеви колектори и фотоволтаици постои голем и долготраен административен процес. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски за Утрински брифинг вели дека се настојува да се донесат уредби за олеснување на овој процес. Досега, за шест месеци, се издадени дозволи за фотоволтаици со вкупна моќност од 30 мегавати за компании кои на своите покриви поставуваат панели со цел да си ги намалат трошоците за струја.

-Според податоците што ги имаме, тие сега трошат за струја исто колку лани. Апелирам сите кои имаат можност да постават фотоволтаици, а тоа ги вклучува и домаќинствата, вели Бислимоски.

Домаќинствата досега можеа да поставуваат фотоволтаици за производство на 4 киловати, а отсега и 6 киловати електрична енергија, а ЕВН Хоум ќе ја презема оти и ним повеќе им се исплатува да ја преземат дома произведената струја отколку да купуваат од слободниот пазар. Домашните ресурси секогаш се одобра опција, вели Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот