Бишевац: Заев без ДУИ нема мнозинство, Јовановиќ: Невозможно е СДСМ да оди во коалиција со ВМРО и Левица

Утре во 12 часот македонскиот претседател Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за состав на Владата на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Дали ДУИ ќе биде дел од новата Влада, односно дали ова ќе биде брак од интерес, останува да видиме.

На оваа тема дебатираа Сафет Бишевац и Ненад Јовановиќ.

-Заев без ДУИ нема мнозинство. Или ќе обезбеди пратеници од ВМРО или од Левица. Ако ДУИ не е дел договорот, нема мнозинство. Не се согласувам дека граѓаните се согласиле Заев да биде мандатар. Граѓаните не го решаваат тоа, туку вештината од коалицирањето и преговорите, рече Бишевац.

Јовановиќ од друга страна смета дека е невозможна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Прочитајте и...  Бесплатната вакцина која Путин ја понуди на ОН е недоволно тестирана: Секој седми доброволец се жалел на непосакувани дејства

-Го разбирам ставот на Бишевац. Се знае кој е мандатар. Точно е дека без ДУИ не може да се конституира Влада. И тие се за интегративни политики, се сложувам дека последните два до три дена има пумпања во јавност дека без нив нема Влада. Точно е дека треба да има хомогеност, но со СДСМ ќе коалицираат оние кои ќе се залагаат за неколку вредносни столба. Сепак мора да има визија на обединување. Да не заборавиме дека и кога ќе направиме Влада има криза, работни места кои мора да се зачуваат. Ние сме пред големи предизвици. Може и политичките партии играат со своите изборни резултати и тие се држат до нив. Јас ако добро исчитувам од официјални извори, факт е дека е невозможно да се оди во коалиција со ВМРО и Левица, бидејќи се антипод на се она за кое се залага СДСМ. Тие се синоним на дезинтеграција и омраза која се продуцира во медиумите, рече Јовановиќ.

Прочитајте и...  Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Прочитај повеќе

Политичка сцена во Црна Гора: Ѓукановиќ ќе предложи мандатар до 23 октомври

Слободен печат

Рангелова: Ја докажав правдата, сега може слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа

Слободен печат

Димитров: Mеѓувладина конференција до крајот на годината, за зајакнување на кредибилитетот на ЕУ во регионот

Слободен печат

Маските од денеска се задолжителни на јавни места во Минхен, казни од 250 евра за непочитување

Сашко Димовски

Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Слободен печат

Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицијаци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат

Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Слободен печат

Банкарските сметки на Навални се замрзнати

Слободен печат