Бишевац: Не ја разбирам опседнатоста на СДСМ и нивните симпатизери со мене

– Во разговорот со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ имаме иста цел, изградба на нова, нормална европска држава од Македонија. Тоа е единствената причина за оваа наша заедничка соработка, вели Сафет Бишевац, кој е кандидат за пратеник од листата на опозициската партија, во интервју за ТВ Клан.

Поранешниот пратеник од коалицијата на СДСМ не ја демантираше изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, дека тој летото бил во неговиот кабинет и барал да биде на пратеничката листа на владејачката партија, но не ја разбира опседнатоста на луѓето од СДСМ и нивните симпатизери со него.

На прашањето дали не му пречи да биде на истата листа со Јохан Тарчуловски, кажа дека тој не ја составувал листата.

Николовски: Бишевац летото побара да биде кандидат на листата на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот