Бисерка Петровиќ: Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен

Ноле како да излегол од мојот дом, тешко ми е кога е повреден и кога лошо се пишува за него. И Ѓоковиќ како мојот син, дава се од себе на теренот и тие двајца се најголемите спортисти во историјата на Балканот, зборува Бисерка.

Мајката на кошаркарскиот Моцарт, Бисерка Петровиќ, во емотивна исповед за српски Курир, зборува за нејзиниот син, за трагичната смрт, но и за Новак Ѓоковиќ.

Таа зборува како дозна за веста на трагичната смрт на нејзиниот син.

– Беше околу 22 часот, се подготвувавме да си легнеме во неговиот стан кој се наоѓаше на 14. спрат. Тој ден попладне Дражен ни се јави од аеродромот во Франкфурт, ни кажа дека ни ги пратил валканите алишта, а дека тој ќе си дојде за два дена.
Кога звонеше телефонот мислев дека тој ни се јавува, но на линија беше женски глас кој праша дали е тоа станот Петровиќ. Тоа беше Македонка, преведувачка, кога слабо зборуваше хрватски јазик. Ми рече: „Вашиот син загина“. Тие зборови не знам како ги преживеав, тргнав кон балконот на станот, знаете во тие моменти не можете да го контролирате телото. Во шок сте и мозокот поинаку реагира.

Мојот сопруг Јоле беше поприсебен, ме фати и ме запре да го направам најлошото. Му благодарам за тоа бидејќи сега можам да направам се за Дражен, да може митот за него да продолжи да живее. Да може тоа што го направи во краткиот живот да остане запишано како што доликува и да се прераскажува на идните генерации. Тоа ме одржа во животот – зборува Бисерка Петровиќ за Курир.рс.

фото: kurir.rs/nemanja nikolic

Мајката на најдобриот европски кошаркар зборува и за сличностите помеѓу нејзиниот син и Новак Ѓоковиќ, поточно за победничкиот менталитет и психата.

– Апсолутно. Новак како да излегол од мојот дом, тешко ми е кога беше повреден и кога лошо се пишуваше за него. Знаев дека ќе се врати и сето тоа ќе го демантира на теренот. Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен, колку тој дава се од себе на теренот и колку сака да биде најдобар. Мислам дека тие двајца се најголемите спортисти во историјата на Балканот. Кога победи во Австралија, веднаш му пративме порака. За време на кошаркарскиот фајналфор бевме со неговите родители во неговиот ресторан. Тие се прекрасно семејство со кое се спријателивме – вели Бисерка во дел од интервјуто за Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот