Бирото за попис на САД се уште не објавува детали од пописот во 2020 година

Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Бирото за попис на САД објави дека повторно ќе го одложи објавувањето на детали од пописот во 2020 година за следната година.

Тие бројки нема да бидат објавени до септември 2024 година, повеќе од четири години по пописот.

Објавувањето на податоците за големината на домаќинствата и семејствата исто така е одложено, но исто така ќе бидат само вкупни податоци, за цела САД, а не толку детални како порано, што беше корисно за градовите и помалите населби да можат да ја видат ситуацијата и планот за развој.

Според демографот од Универзитетот во Њу Хемпшир, Кенет Џонсон, „многу од корисниците на тие податоци се државни и локални планери и службеници кои треба да ги знаат трендовите и моделите на микро ниво за планирање, грантови и програмски предлози“.

Објавувањето на податоците првпат беше одложено пред две години поради доцнење предизвикано од пандемијата на Ковид-19 и имплементација на нов метод за приватност што спречува идентификација на поединци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот