БИРН: Најмалку 130 деца од Западен Балкан се заглавени во кампови во Сирија, 20-ина од Македонија

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Најмалку 130 деца од Западен Балкан сè уште се наоѓаат во бегалски кампови низ Сирија, што беа подигнати по падот на терористичката Исламска држава (ИД), а нивниот процес на враќање е многу бавен или целосно блокиран, објави денеска Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Мрежата, специјализирана за следење на судски процеси и правни прашања, потсети дека на почетокот на февруари, Обединетите нации (ОН) ги повикаа државите да обезбедат враќање на своите граѓани од пренатрупаните кампови во североисточна Сирија.

Се проценува дека приближно 27.000 бегалци престојуваат во овие кампови од кои 19.000 се Ирачани и 8.000 од други земји, вклучувајќи ги и оние од Западен Балкан.

Според БИРН, меѓу 130-те деца од регионот кои биле однесени таму од родители кои се приклучиле на ИД, околу 70 се од БиХ, додека 40 од Албанија.

Владата на Северна Македонија располага со информации дека во бегалските кампови во моментот има дваесетина деца кои чекаат за враќање во нивната матична земја, а Црна Гора има податоци за две деца во слична ситуација.

Во 2020 година, Северна Македонија усвои национална програма за интеграција и ресоцијализација на повратниците од Сирија и од Ирак, низ која треба да минат околу 150 лица, од кои 80 досега се вратени во земјата, а 27 се гонети за учество во терористички активности.

Десет лица се вратија во Црна Гора и сите се под посебен надзор на властите во земјата. Нема податоци за српски граѓани поврзани со Исламската држава, но БИРН проценува дека во моментот во логорите во Сирија има најмалку 20 лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот