Биркс: Во Вашингтон се уште има најголема стапка на позитивни на Ковид-19

Престолнината на САД и нејзината поширока околина има најголема стапка на позитивни тестови на коронавирус во САД, што е загрижувачки податок во момент кога почна постепеното отварање на бизнисите. На ова синоќа на брифинг за новинарите во Белата куќа укажа д-р Дебора Биркс, од координатоивното тело за борба против коронавирусот.

Мериленд, Вашингтон округ Колумбија и Вирџинија се зад останатиот дел од земјата во стапката на позитивни тестови. Според неа, 42 од 50 сојузни држави сега известуваат дека има помалку од 10 отсто позитивни тестови од вкупниот број тестирани лица. Мериленд, Вашингтон округ Колумбија и Вирџинија ја надминуваат таа бројка.

Округот Колумбија е на прво место, а по него следуваат Небраска, Илиноис и Минесота.

– Прв е округот во кој се опфатени и северна Вирџинија, како и окрузите Монтгомери и Принц Џорџ. Овде стапката на позитивни е најголема. По нив следат Балтимор, Чикаго и Минеаполис. Овде гледаме застој на болеста или зголемен број на случаи. Додека во другите области стапката е под 10 проценти, изјави Биркс.

Во Вашингтон, сепак, кривата на заболени полека се исправа, и од 12 отстотна стапка на позитивни се движи кон границата од десет отсто. Во Вирџинија, пак, каде на почетокот на мај позитивни тестови имало кај 20 проценти од тестираните пациенти, досега се има намалено на 14 отсто. Ова е благодарејќи на зголемениот број тестирања, но многу помалку од 10.000 тестови, цел поставена од гувернерот Ралф Нортам.

Мериланд, пак, е најзагрозено подрачје во овој регион на САД, каде на 19 мај била забележана стапка од 25 отсто позитивни тестови од вкупниот број тестирани пациенти. Конгресменот од оваа сојузна држава, Ентони Браун, повика на „агресивно проширени” тестирања за да се одговори на предизвикот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот