Биркс: Во САД има ризик за втор бран на епидемијата

Пандемијата го суспендира нормалниот живот во САД, бидејќи 94 отсто од Американците мораат да останат во своите домови

Влијателен универзитет во Вашингтон ги корегираше и намали своите предвидувања за смртноста од коронавирусот, но координаторката на кризниот штав на Белата куќа, Дебра Биркс,  предупредува на можен втор бран на епидемијата доколку Американците не се приддржуваат на мерките за физичко дистанцирање, пренесуваат британските медиуми.

Експертите сметаат дека епидемијата во одредени средини на САД го достигна својот врв, но состојбата во Њујорк само статистички се смирува, бидејќи се уште расте бројот на заболени и умрени во другите американски држави.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, денеска изјави дека бројот на хоспитализирани во најголемиот американски град “е стабилизиран” и дека проектираниот број на респиратори е поголем од вистинските потреби.

-Доколку сега луѓето се опуштат, посакаат да излезат надвор и да воспоствуваат социјална интеракција, може да ни сеслучи втор бран од епидемијата, предупреди коороднаторката Дебра Биркс.

Пандемијата го суспендира нормалниот живот во САД, бидејќи 94 отсто од Американците мораат да останат во своите домови,  а само изминатите две недели 10 милиони лица останаа без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот