„Бип бип“: Фудбалскиот свет импресиониран од брзината на Дејвис! (ВИДЕО)

фото: твитер

Како „Брзата птица Итрица“ играчот на германскиот шампион успеа во вистински момент да го запре моментно еден од најбараните напаѓачи во светот.

Да не беше 19-годишниот тинејџер на Баерн, можеби Ерлинг Халанд ќе реализираше во мрежата на голманот Нојер..

Во 33 минута младиот канадски фудбалер Алфонсo Дејвис кој стана стандарден првотимец на екипата од Минхен, го привлече вниманието со неверојатниот спринт. Информациите велат дека во тој момент достигнал брзина од 35.3 километри на час.

Како „Брзата птица Итрица“ успеа во вистински момент да го запре моментно еден од најбараните напаѓачи во светот.

Норвежанецот успеа да се ослободи од еден противнички играч, му беше потребно само завршниот удар, но налета на Дејвис.

Потсетување дека играчите на Флик триумфираа со 0:1 против „милионерите“ и се на чекор од одбрана на шампионската титула.

За „милионерите” ова беше трет пораз во низа од Баварците во германскиот шампионат со вкупен резултат 0:10. На претходните два меча беше 4:0 и 5:0 за Баерн. Последен пат Борусија го победи Баерн во Бундеслигата во октомври 2018 година (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот