Бионтек се пофали: Сè укажува дека вакцината на Фајзер е ефикасна против нови соеви

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Германската лабораторија Бионтек во понеделникот објави дека смета на ефикасноста на својата вакцина, развиена во соработка со американски Фајзер, кога се во прашање актуелните варијанти на коронавирусот САРС-КоВ-2, додавајќи дека ниту една студија моментално не покажува дека е потребно да се развива нова формула.

„Во овој момент ништо не укажува на тоа дека вакцината на Биотек против ковид-19 е потребно да се прилагоди на новите варијанти на вирусот“, соопшти германската лабораторија.

Засега, се додава во соопштението, Бионтек е свртен кон развојот на „комплетна стратегија во борба против варијантите ако во иднина за тоа се укаже потреба“.

Поради тоа лабораторијата во март започна испитување на „верзии на  вакцината модифицирана специфично за варијантите на коронавирус“, ако САРС-КоВ-2 значително би се променил за да има потреба од нова вакцина.

Се истражува исто така и учинокот на евентуалната трета доза од вакцината за продлабочување на стекнатиот имунитет и заштита против новите варијанти.

Генералниот директор на Бионтек Угур Сахин во април изјави дека нивната вакцина е ефикасна против индискиот сој на коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот