„Бионтек“ сака да произведува вакцини против маларија и туберкулоза во Африка

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Германскиот производител на вакцини „Бионтек“ сака да произведува вакцини против маларија и туберкулоза во Африка.

Компанијата соопшти дека го испитува воспоставувањето одржливи производствени капацитети во Руанда и Сенегал.

– Нашата цел е да развиеме вакцини во Африка и да воспоставиме одржливи производствени капацитети за вакцини со цел заедничко подобрување на медицинската нега, рече извршниот директор Угур Сахин.

– Нема гаранција дека овие проекти ќе бидат успешни. Но, ние мора да бидеме подготвени за успех, рече Сахин.

Сахин зборуваше за плановите по средбата со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, со претседателот на Сенегал, Меки Сал и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на маргините на економската конференција Договор на Г20 со Африка.

Според иницијативата, земјите од Африканската унија во моментов увезуваат 99 проценти од нивните вакцини. До 2040 година, оваа бројка треба да биде само 40 проценти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот