Бионтек најави производство на три милијарди дози вакцини во 2021 година

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Германската фармацевтска компанија „Бионтек”, која ја разви вакцината против ковид-19 со американската компанија „Фајзер”, објави дека ќе го зголеми производството, така што планира произведство на три милијарди дози во 2021 година, иако претходната цел беше 2,5 милијарди.

– Нашите тимови завршија одлична работа во зголемувањето на производството, што сега ќе изнесува три милијарди дози, рече извршниот директор на Бионтек, Угур Шахин, на онлајн настан организиран од Фајненшл тајмс.

Тој додаде дека производството „не се соочува со бројни технички проблеми и се почитува испораката”.

Компанијата со седиште во Мајнц, Германија, во март соопшти дека го подобрила синџирот на снабдување со Фајзер за да може да произведе 2,5 милијарди дози оваа година, од кои се продадени 1,4 милијарди дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот