БиоНТек и Фајзер: Без докази дека вакцината може да се даде подоцна

Медицинско лице во рака ја држи вакцината која ќе го заштити руското население од ковид-19/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

БиоНТек” и „Фајзер” денеска предупредија дека немаат докази дека нивната вакцина ќе продолжи да штити од коронавирус доколку се даде втората доза подоцна од тестираната за време на испитувањето.

„Безбедноста и ефикасноста на вакцината не се евалуирани кога станува збор за давање дози во различно време, бидејќи повеќето испитаници добија втора доза во временскиот рок наведен во планот на студијата”, велат компаниите во заедничкото соопштение.

Двете компании напоменуваат дека првата и втората доза се дадени со разлика од три недели.

Претходно, денеска германското Министерство за здравство побара совет дали да се одложи втората доза вакцина против коронавирусот на компаниите „Фајзер” и „БиоНТек”, со цел што е можно повеќе луѓе да ја примат првата доза, а досега вакцинирани се 239.000 граѓани. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот