Биолог: Ковид-19 го скратува животниот век за две години

Profimedia
Ковид-19/ Фото Handout / AFP / Profimedia

Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.

– Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.

Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат.

Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.

– Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот