21.8 C
Скопје

Биографијата на Меган и Хари ќе биде последната капка што ќе ја прелие чашата на британското кралско семејство

Се претпоставува дека новите поглавја кои ќе бидат додадени во биографијата ќе се осврнат на повеќемилионските договори што Хари и Меган ги склучија со „Нетфликс“, но и воопшто за нивниот нов живот во Калифорнија. Британското кралско семејество е повторно исплашено…

The Sun“ неодамна објави дека авторите Омид Скоби и Каролин Дјуранд планираат да додадат неколку поглавја во биографијата на Меган Маркл и принцот Хари.

Книгата „Finding Freedom“ е објавена во средината на минатата година и ја опфаќа нивната врска од почетокот на 2016 година до ненадејното заминување од кралското семејство во 2020 година и нивната преселба во Америка.

Profimedia
Profimedia

Сега шокантното интервју на парот со Опра Винфри и како и информациите од погребот на принцот Филип, се најавени како дополнителни поглавја во проширеното издание на биографијата. Исто така ќе бидат додадени и обвинувањата дека Меган Маркл наводно малтретирала вработени, што таа ги негира.

Биографијата не е официјална, а ниту принцот Хари, ниту Меган не дале официјално интервју или изјава за авторите.

Оваа книга се заснова на искуствата на авторите како кралски новинари и нивното истражувачко новинарство“, изјави минатата година портпаролот на кралскиот пар.

Profimedia
Profimedia

Данкан Ларкомб, автор на биографијата на Хари, коментира дека каква било можност за помирување помеѓу кралското семејство и војводите од Сасекс не постои, особено ако бидат откриени нови негативни информации или разговори помеѓу Хари и семејството по погребот.

Тоа би била капката што ќе ја прелие чашата. Веќе никој од кралското семејство нема да им верува. Зошто би сакале да имаат нешто со нив после такво нешто?“, тој рече.

Во новите поглавја се очекува да бидат опфатени повеќе милионските зделки што Хари и Меган ги склучија со „Нетфликс“, како и нивниот нов живот воопшто во Калифорнија.

Profimedia
Profimedia

Неколку извори од палатата истакнале дека има смисла поглавјата да бидат додадени, но дека интервјуто со Опра веќе предизвикало доволно немир во кралското семејство, а книгата сигурно нема да помогне.

Се надевам дека помирувањето на принцовите ќе ги охрабри војводата и војвотката од Сасекс да не го продлабочуваат раздорот во семејството“, заклучи Ларкомб.

Ларкомб тврди дека Хари на интервјуто гледал како можност да ја поддржи својата сопруга бидејќи односот на другите кон Меган го повредувал, но дека сега жали и се чувствува непријатно.

Profimedia
Profimedia

Единствените добитници во оваа тажна приказна се двајцата автори“, коментира Кети Никол, автор на биографиите „William and Harry“ и „Kate: The Future Queen“.

Првото издание на „Finding Freedom“ беше продадено во повеќе од 31.000 примероци и тоа само во првите пет дена, а бидејќи ова лето може да открие многу повеќе, може да се претпостави дека повторно ќе се најде на листата на бестселери.

Поврзани вести

Познатиот југословенски киоск „К67“ беше поставен на „Тајмс Сквер“ во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

„Порака во шише го преминала Атлантикот“: По неколку години се создало неочекувано прекуокеанско пријателство

Слободен Печат

Погледнете што има да каже Ким Кардашијан за сопствениот љубовен живот

Слободен Печат

Џастин Бибер сподели ретка фотографија со неговиот татко: Тато, те сакам со целото мое срце

Слободен Печат

Погледнете кои хороскопски знаци се најдобри родители – рангирани!

Слободен Печат

Остави Коментар