Бинго за Њу Орлеанс, бираат први на драфтот

Њу Орлеанс е победникот на лотаријата со која добија право да бираат први на НБА драфтот, и тоа значи избор на суперталентираниот Зајон Вилијамсон.

Њу Орлеанс имаше само 6% шанси, додека Феникс, Њујорк и Ккливленд кои имаа најслаб скор во регуларниот дел од сезонава, шансите им беа 14% дека ќе го добијат правото да бираат први на драфтот.
Мемфис гризлис ќе бира како втор, Њујорк трет, додека ЛА лејкерс ќе избира како четврти. По нив следат Кливленд, Феникс, Чикаго, Атланта која ќе бира и како 10., а Вашингтон го доби правото да избира деветти.

Според американските медиуми, прв пик на драфтот со сигурност ќе биде избран Зајон Вилијамсон од Дјук Универзитетот кој имаше просек од 22.6 поени, 9 скокови и по две асистенции и украдени топки по натпревар. НБА драфтот ќе се одржи на 20 јуни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот