ФОТО | Бинди Ирвин прозборе за психолошкото злоупотребување од дедо ѝ: Една фејсбук – честитка откри сè!
Ако беше жив „Ловецот на крокодили“, Стив Ирвин, немаше да биде среќен што го слуша ова. Имено ќерка му Бинди откри непријатни детали за дедо ѝ Боб Ирвин, и тоа на прославата на Денот на таткото.
Бинди Ирвин, ќерката на Стив, по повод Денот на таткото објави пост на својот фејсбук – профил, кој го посвети на татко си, сопругот Чендлер Пауел и свекор ѝ, но беше изоставен дедо ѝ Боб, таткото на Стив. На прашањето зошто го направила тоа, оваа млада жена не се двоумеше да ја открие причината.
View this post on Instagram
– За жал дедо ми Боб не покажа интерес да го поминува времето со своето семејство. Јавно тој продолжи да тврди дека сака да биде со нас и да се дружиме, но приватно секогаш нашите средби беа полни со психолошко злоупотребување, изјавила Бинди за австралискиот портал „7Њуз“.
Таа додава дека Боб отишол толку далеку со дрскоста, што ѝ ги враќал подароците кои таа му ги испраќала во тек на годините за разни поводи, откако ги отворил.
View this post on Instagram
– Од малечка ме игонорира. Сакаше да поминува време правејќи било што друго, наместо да биде со мене. Никогаш не ми кажал ниту еден топол или мил збор. Срцето ми е скршено што го кажувам ова, но навистина не е здраво да се биде во таква врска во која има злоупотреба. Цел живот се борам со таа врска и ми носи само неверојатна болка, изјавила Бинди.
Според Бинди, која во март го доби првото дете со сопругот Чендлер, ќерката Грејс, мајка ѝ Тери Ирвин продолжува да му пишува писма и да му праќа подароци на Боб, но тој ја игнорира.
View this post on Instagram
Таа открива дека семејството финансиски го поддржува Боб од 1992 година, односно неделно му испраќа одредена сума пари. Иако тој со нив се однесува лошо, мајка ѝ Тери сака да биде сигурна дека Боб е згрижен.
View this post on Instagram
– Му изградивме куќа на прекрасен имот и секогаш ќе направиме сè што е во наша можност да биде добро згрижен, истакнала на крајот Бинди.