Билса не сака Лидс и Алиоски да имаат улога на статисти во Премиер лигата, ќе ангажира пет засилувања
Клубот нема да се откаже од играчите кои го внесоа во Премиер лигата, но директорот Орта и тренерот Биелса планираат осетно да ја засилат екипата.
Сосптвеникот на Лидс, Андреа Радризани, по пласманот на неговата екипа во Премиер лигата подготвен е да вложи најмалку 100 милиони евра за засилувања, но последниот збор ќе го има тренерот Марсело Биелса.
Аргентинецот има јасна визија што му е потребно и смета дека најважно е да ја засили конкуренцијата во првио тим, односно да има поголем фонд на фудбалери.
Стилот на работа на Биелса подразбира тешки и напорни тренинзи и поради помалиот број на фудбалери неговите екипи паѓаа во финишот на сезоната, тоа му се случи и со Атлетик Билбао, Олимик Марсеј и пред две сезони со Лидс.
Радризани сака да ги ангажира, а Билса даде зелено светло, двајца поранешни фудбалери на Лидс, Дени Роуз и Фабијан Делф.
Дени Роуз е лев бек и е англиски репрезентативец кој минатата сезона ја помина на позајмица во Њукасл, додека Фабијан Делф е поранешен репрезентативец кој минатата сезона играше за Евертон. Лидс е подготвен да плати 20-тина милиони евра за двајцата играчи нкои ги минаа младинските категории во Лидс.
Следен на списокот е штоперот на Ривер Плата, Лукас Мартинез Кварта кој ќе чини 20 милиони евра.
Вториот Јужноамериканец кој треба да пристигне на „Иланд Роуд“ е Еми Буендија од Норич кој одигра 34 натпревар оваа сезона за тимот кој испадна од Премиер лигата.
Последна мета на Биелса е најдобриот играл во Чемпионшип за минатата сезона, Саид Бенрахма од Брендфорд за кого е подготвен да плати 35 милиони евра.