Билките и фенг шуи: Некои ни носат среќа, други богатство, трети љубов…

Познато е дека билките позитивно влијаат на нашето расположение и со своето присуство во домот ни го разубавуваат просторот. Но сите билки не се еднакви и воопшто не е сеедно која билка ќе ја одберете. 

Според традиционалниот кинески систем за организирање на просторот, познат како фенг шуи, секојдневниот контакт со одредени билки може да ни помогне полесно да ги оствариме посакуваните цели и генерално да бидеме посреќни.

Прочитајте некои од предлозите.

За среќа

Ставете билокоја билка со црвени цветови од левата страна на вашата влезна врата. Според фенг шуи црвената боја се смета за најсреќна боја, а среќата влегува во домот преку вратата.

За љубов

Аранжирајте две розови рози во бела вазна. Претходно на розите отстранете им ги трнчињата. Вазната ставете ја во задниот десен агол на дневната соба. Тоа е местото каде што е концентрирана енергијата на љубовта. Менувајте ги розите на секои девет дена во текот на вкупно 27 дена. И вашиот живот волшебно ќе стане исполнет со романтика.

За успех на работа

Ставете цвет од сончоглед (или негова фотогафија) во задниот среден дел на вашата канцеларија. Според Фенг шуи тука се наоѓа енергијата на славата. Билката која и со самото име е поврзана со сонцето, позитивно ќе делува на вашата самодоверба и ќе ги поттикне другите да ги препознаат и вреднуваат вашите вредности.

За богатство

Ставете пурпурна орхидеја на средина на трпезариската маса. Трпезаријата се смета за клучно место во домот за постигнување богатство, а пурпурната е боја на кралевите.

За здравје

Додадете неколку зелени билки во вашиот животен простор. Зелената боја ја симболизира долговечноста и виталноста. Доколку се опоравувате од некои болести, ставете зелени билки во својата спална соба. За подобро општо здравје на семејството, пожелно е да имате некоја зелена билка во средишната точка на станот или куќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот