Билјана Црвенковска: Денешните деца не сакаат да читаат зашто книгите се застарени

Првиот роман за возрасни на Црвенковска „Девет приказни за госпоѓица Сит“ ќе биде промовиран во рамки на фестивалот ArtArea 3, кој се одржува од 24 до 26 Јануари во Кино Култура.

Книгите за деца сè уште се несоодветни и затоа децата не сакаат да ги читаат, вели писателката Билјана Црвенковска во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

-Модерните книги за денешните деца треба да содржат приказни кои ќе овозможат децата да се идентификуваат во денешно време, многу малку книги кај нас се такви што ќе создадат читателски навики кај младите- вели Црвенковска.

Првиот роман за возрасни на Црвенковска „Девет приказни за госпоѓица Сит“ ќе биде промовиран во рамки на фестивалот ArtArea 3, кој се одржува од 24 до 26 Јануари во Кино Култура.

-Не се наоѓам во реалистичните приказни и книгите за деца ретко се реалистични, обично се фантастика. Кога размислував за овој рман за возрасни мислев на епска фантастика, но вториот жанр во кој сакав да истражувам е магичниот реализам. Романот го градев три години и решив тој да биде напишан како магичен реализам- вели Црвенковска во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот