Билјана Беличанец си го одзеде животот, а хиените се обидоа да ѝ ја одземат честа

Не известувај за самоубиство, освен ако тоа не предизвикално поширок јавен интерес!

Ова е една од клучните норми од етичките кодекси на модерниот журнализам, кои се однесуваат на обврската на медиумите да ја почитуваат приватноста на луѓето. Постојат околности во кои новинарите сепак известуваат за самоубиствата и за околностите поврзани со тие трагични настани.

Дали медиумите ја прекршија новинарската етика, известувајќи, детално и точно, за околностите за смртта на актерката Билјана Беличанец? Не, не ја прекршија, без дилеми. Таа беше позната јавна личност и постоеше нагласен јавен интерес за настанот. Најголем дел од медиумите постапија одговорно и професионално.

Но, дали сите што мудросерат разни претпоставки за причините за нејзината одлука да си го одземе животот, сите тие „инфлуенсери“ на социјалните мрежи, сите тие лажни моралисти, ја прекршија елементарната човечка етика? О да, секако!

Никој точно не знае зошто се самоуби познатата актерка, а сите имаат мислење за тоа. Читам цели „филозофски трактати“ на таа тема. Дури и такви со непристојна политичка конотација, кои трагедијата ја доведуваат во врска со градоначалникувањето на актерката и со нејзината наводна разочараност од ова или од она.

Читам на Фејсбук и на некои рекетарски парапортали и ви велам – ми се гади од таа нечовечност, од тој безобразлук. Е ова навистина е срамно!

Но… Проблемот е во тоа што тие (не)луѓе, едноставно, немаат срам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот