ФОТО+ВИДЕО | Биљал Касами со лопата во раце копаше и отстрануваше снег и мраз од градските тротоари

Касами чистеше снег и мраз заедно со комуналните работници/ Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами заедно со вработените на комуналното претријатие вчера навечер работеше во расчистување на снегот и мразот од тротоарите како и фрлање на сол. Од фотографиите споделени на социјалните мрежи се гледа како Касами заедно со директорот на ЈКП Тетово Нуредин Фетаи со лопати во раце копаат и отстрануваат снег и мраз од замрзнатите градски тротоари. Исто така им помогнаа на работниците во фрлање на сол.

-Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот пред два дена на вработените во Комунална хигиена им вети нови униформи и опрема за работа, повисоки плати и подобр услови за работа во нивните простории.

Извор: МИА

Видео на денот