Били Ајлиш раскина со 10 години постариот музичар: Врската им траеше помалку од година

Американските пејачи Били Ајлиш (21) и Џеси Радерфорд (31) се разделиле уште во април, кога се одржуваше музичкиот фестивал Коачела, пренесува „Пејџ Сикс“.
Били и Џеси на фестивалот Коачела останаа подалеку од очите на јавноста и избегнаа да бидат во фокусот на вниманието, со што ги започнаа гласините дека имаат проблеми во врската.
Сомнежите дополнително ги потврдија, откако Били Ајлиш се појави сама на Мет гала во мај. Подоцна истата вечер, таа беше забележана како се дружи со квир-актерка Ава Капри, која глуми во „Love Victor“.

„Можеме да потврдиме дека Били и Џеси спогодбено се разделија и остануваат добри пријатели“, изјави претставникот на пејачката.
Претставникот на пејачката ги негираше сите шпекулации дека Били го изневерувала Џеси, а претставниците на пејачот не дадоа коментар.
За потсетување, оваа љубовна приказна започна во октомври 2022 година, а на јавноста и беше откриена на Инстаграм во ноември истата година.