Билетите за Ролан Гарос наскоро во продажба

Организаторот на Ролан Гарос откри колку навивачи очекуваат на турнирот и кога картите ќе бидат пуштени во продажба.

Грен слем турнирот кој се игра на земја, Ролан Гарос е презакажан и новиот термин на стартот е 27. септември, а организаторот очекува трибините на бидат исполнети со „50 до 60 проценти со навивачи“, а картите ќе бидат пуштени во продажба од 9. јули.

„Тениската федерација на Франција се адаптира на ситуацијата која ја предизвика коронавирусот. Подготвени се протоколи чија цел е да се заштитат навивачите во ова историско издание на Ролан Гарос“
, стои во соопштението.

Претседателот на Тениската федерација на Франција, Бернар Гуидисели исто така најави дека на најголемите стадиони како „Сузан Леглен“ и „Филип Шатрие“ ќе може максимално по четири лица ќе можат да седат заедно, со едно слободно место помеѓу групите, додека на помалите стадиони секое сторо столче ќе биде празно.
Гуидисели очекува на стартот од Ролан Гарос да има околу 20.000 гледачи, додека во завршницата таа бројка би се преполовила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот