Билетите за навивачите продадени, Македонците без ПЦР тест или доказ за вакцина ќе патуваат за Романија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ФФМ доби 2.000 влезници од УЕФА кои веќе се продадени, а дел од нив купија семејствата на фудбалерите, спонзорите и партнерите на Федерацијата. Романската амбасата во Скопје препорачува доколку се има доказ за негативен тест или вакцина навивачите да го носат со себе.

Навивачите кои ќе ја бодрат фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство, на првите два натпревари кои ќе се играат во Букурешт, ќе можат да патуваат без никакви рестрикции. Исто така сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија ги доби од УЕФА се продадени.

Одлуката на романската влада, да ја стави Македонија на зелената листа, односно поради малиот број на заразени од коронавирус, значи дека сите фанови кои ќе ги бодрат репрезентативците на Евро 2020, ќе можат да влезат во Романија без ПСЦ тест или доказ за вакцина.

Но, од романската амбасада во Скопје препорачуваат дека доколку се има доказ за примена вакцина, тогаш пожелно е тој да се носи со себе.

– Нашата Влада ја стави Македонија на зелената листа и тоа значи дека за влез на вашите навивачи и граѓани во  Романија не е задолжителен ПЦР тест или вакцина. Но, тие кои примиле една или две вакцини пожелно е со себе да носат потврда за тоа – велат од амбасадата на Романија во Скопје за „Слободен печат“.

Што се однесува до навивачите, УЕФА на ФФМ и додели 2.000 влезници кои веќе се распродадени, но нема да одат сите кај навивачите. Иако имаше неколку илјади пријави од заинтересираните фанови кои сакаат да ја бодрат репрезентацијата, распределбата на билетите е веќе завршена.  Во контингентот од 2.000 влезници кои ги доби ФФМ, околу 500 влезници за првите два натпревари се резервирани за семејствата на фудбалерите и членовите на стручниот штаб на репрезентацијата, а влезници ќе има и за навивачите.

– Уште пред романската влада да ја стави Македонија на зелената листа успеавме да издејствуваме сите македонски навивачи да можат четири дена да претстојуваат во Букурешт доколку имаат билети за двата натпревари. Што се однесува до билетите за нашите навивачите, УЕФА ни додели 2.000 влезници кои веќе се распределени. За жал во оваа бројка влегуваат и влезниците за семејствата на играчите. Околу 500 влезници купија фудбалерите и членовите на стручниот штаб за своите семејства. Дел од влезниците ќе ги купат нашите спонзори и партнери. Исто така ќе има организирано одење на 200 навивачи, а автобускиот превоз го обезбеди ФФМ. Остантите влезници се продадени според процедурата која ја одреди УЕФА. Што се однесува до навивачите и престојот, односно евентуалните рестрикции во Букурешт, тие се исто како и за романските државјани – велат од ФФМ:

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски, дебитантскиот настап на Европските првенства ќе го имаат на 13 јуни против Австрија, а четири дена подоцна на Националната Арена во Букурешт ќе играат и против Украина. Последниот натпревар во групата Ц, „црвено-жолтите“ ќе го играат против Холандија во Амстердам на 21 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот