Билетите за фајнал фор турнирот во Келн по лански цени

2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екипата на Вардар, трета година по ред ќе биде дел од завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите во Келн. Во полуфиналето кое ќе се игра на 1 јуни во „Ланксес“ арената во Келн, вардарци играат против силната Барселона.

Од Вардар ја информираа јавноста дека се пуштени во продажба билетите за фајнал фор турнирот и тие се продаваат по цена како минатата година.

Блок-влезниците за двата дена, 1 и 2 јуни изнесуваат 18.300 денари, или само 1.000 денари поскапо од минатата година. Навивачите на Вардар, ќе можат да ги бодрат своите миленици од блокот 218 во „Ланксес“ арената, кој е наменет за фановите на „црвено-црните“.

Билетите ќе може да се купат во фан-шопот на Вардар кој се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот