Билетите за дуелот со Косово распродадени, а Филипче смета дека најдобро е да се игра без публика

Македонската репрезентација на 26. март на Националната арена ќе се игра против Косово во плеј-оф дуелот за пласман на ЕП 2020 пред полни трибини бидејќи сите влезници се распродадени.

Фудбалската федерација на Македонија објави дека сите билети за натпреварот против Косово се продадени и доколку не дојде препорака од Владата за евентуална забрана за присуство на гледачи поради коронавирусот, тогаш Горан Пандев, Елмас, Барди, Несторовски и останатите фудбалери ќе играат пред полни трибини.

Од ФФМ им се заблагодарија на навивачите за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и очекуваат одлична атмосфера на Националната арена „Тодор Проески“.

Сепак, неколку минути пред ФФМ да се пофали дека билетите се распродадени, министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција изјави дека тој лично смета оти натпреварот треба да се игра без публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот