Биле во ШОК кога виделе што се наоѓа во утробата на убиената ајкула

Илустрација: Instagram

Се верува дека еден британски турист кој исчезнал за време на викендот, бил изеден од страна на ајкула откако ја пронашле неговата рака во нејзината утроба.

44-годишниот Шкот исчезнал за време на одморот на францускиот остров Реунион кој се наоѓа источно од Мадагаскар. Тој заедно со сопругата отишол на викенд, а во саботата тргнал сам на пливање во блиската лагуна и исчезнал.

Кога не се вратил, неговата сопруга побарала помош и започнала истрага која вклучувала бродови, нуркачи, кучиња трагачи на копното и хилихоптери, пренесува Дејли Меил. За жал, не успеале да го пронајдат.

Оваа недела била убиена ајкула која е видена како плива во близина на туристичката плажа, бидејќи ја сметале за опасност спрема луѓето кои биле таму на одмор. Направени биле обдукции на ајкулата и уште 4 други риби, а пронајдена е отсечена рака на која бил и венчалниот прстен на британскиот турист.

Изворот за полицијата на Реунион изјавил дека семејството мажот го опишале како одличен пливач, но полицијата не ја исклучила можноста дека мажот можеби се удавил и тоа ја привлекло тигрестата ајкула.

Тие се наредниот вид на ајкула, после големата бела, кои напаѓаат луѓе, а околу отокот Реунион биле многу чести. Од 2011 година биле пријавени 24 напади, од кои 11 биле фатални, а локалните власти често покренуваат ралични кампањи за да се соочат со проблемот. Многу плажи околу островот се затворени за пливачи и сурфери, но забраните често се игнорираат, што понекогаш може да доведе до фатални последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот