Биле безбедносен ризик: САД не одобрија визи за над 1.000 кинески студенти и истражувачи

Фото: lifewire.com

Повеќе од 1.000 кинески студенти останаа без американските визи, бидејќи претставувале безбедносен ризик, потврди портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Ваквиот потег на САД следува по прогласот на претседателот Доналд Трамп во мај оваа година што беше протолкуван во насока на суспендирање на влезот на кинески граѓани за кои постои сомневање дека се поврзани со војската, пренесува „Би-Би-Си“.

Стејт департментот не даде подетално образложение на оваа одлука, додека изостана коментар и од Кина

Речиси 370.000 студенти од Кина се запишаа на американските универзитети во периодот од 2018 до 2019 година.

Оние кои не добија виза, портпаролката на Стејт департментот ги опиша како „високо ризични постдипломски студенти и истражувачки стипендисти”. Но, додаде дека тие се мал дел од вкупниот број кинески студенти во САД.

Ние продолжуваме да ги поздравуваме легитимните студенти и стипендисти од Кина, кои не помагаат во целите на воената доминација на кинеската Комунистичка партија, порача Ортагус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот