Биланс во ковид-центрите во Скопје: За 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, вкупно се лекуваaт 280 лица

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 280 позитивни и сомнителни лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало седум приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментот во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија – 24, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 16 пациенти. додека на Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 88 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.

Вкупно 280 потврдени и сомнителни пациенти со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите добиваат кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 124 слободни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот