Биланс на медали: Кинезите најдобри, Американците се будат

EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

По вториот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, Кина останува како најтрофејна нација. Тие се најдобри и по бројот на освоени златни медали и по бројот на освоени медали, имаат шест злата, а вкупно освоено 11 медали.

На второто место се наоѓа Јапонија која има пет златни медали од вкупно освоени шест по два натпреварувачки дена на Игрите. Најтрофејната нација во историјата на Олимписките игри, САД по лошиот прв ден, денеска се поправи и дојде до бројката од 10 освоени медали од кои четири се златни.

Веднаш зад нив се наоѓа Јужна Кореја со пет медали од кои два се златни, додека руските спортисти кои настапуваат под олимпиското знаме досега имаат освоено седум медали, но само еден златен.

Од земјите во регионот, златен медасл има Косово благодарение на џудистката Дистриа Красничи,  Србија има два освоени медали, сребрен и бронзен, додека Словенија има еден медал, бронзениот на велосипедистот Тадеј Погачар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот