Биланс на инфективните одделенија низ земјава: Се лекуваат 589 пациенти и има околу 500 слободни кревети

Фото: EPA-EFE/Luis Torres

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот. Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 20 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19, а во болницата во Штип има 41 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес – 27 болни, а во Куманово – 45 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 лица, во Прилеп – 18, во Гостивар – 15, а во Струга – 19.

Во болницата во Струмица се хоспитализирани 19 пациенти со ковид-19, во Кочани – 3, во Кичево – 8, во Кавадарци – 18, во Гевгелија – 8, а во Дебар – 13.

Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 589 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот