Била во кома 5 месеци откако се породила со Северина: Пејачката објави досега невидена слика од мајка си! (ФОТО)

Instagram

Од кога судот донесе привремена одлука со која Александар Поповиќ (7,5) живее со татко му Милан Поповиќ (54), а не со мајка си Северина Коиќ (47), пејачката се повеќе ги истакнува семејните моменти и пораки на социјалните мрежи.

Таа пред 3 дена објави снимка на која се прегрнува со мајка ѝ Ана, после што нејзиниот тим и таа почнуваат да викаат „мама, мама…“

Снимката разнежни многумина, а детаљот кој малкумина го знаат е тоа дека Ана, после пораѓајот со Северина, била во кома дури 5 месеци.

„Била 5 месеци во кома после пораѓајот со мене, но преживеа и веднаш ме научи дека можа и да умре за мене, како и за својот син, но дека ќе биде многу посреќна доколку живее за нас. Ти благодарам за се мамо!“, напиша Северина неодамна.

Северина неодамна во јавноста сподели и информација дека нејзината мајка Ана секогаш знаела кога и на кој начин и треба, па така знаела дека ќе ѝ треба на ќерка си, неделата кога ѝ го одземале синот, затоа веднаш долетала од Сплит за Загреб.

Таа изјави дека дури сега, кога и самата таа е мајка, потполно разбира како нејзината мајка секогаш знаела што ѝ треба, без да каже било што.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот