Била филозофка, математичарка и атрономка, толку била паметна што ја сметале за вештерка, била претепана до смрт и спалена

фејсбук

Судбината на Хипатија од Александрија со текот на времето добила митски одлики и останува главен пример за победата врз фанатичноста, таа била промоторка за слобода, верска толеранција и родова еднаквост.

Судбината на Александриската библиотека, најпрестижниот интелектуален центар на стариот век, е запечатена со трагично погубување на научничката што во времето кога жените немале никакви права, слободно предавала и ги проучувала математиката, астрономијата и физиката.

Податоците за Хипатија, научничката од Александрија, не е лесно да се ускладат. Се спомнува во неколку извори, во црковните истории на Сократовата Схоластика и Филосторгија, од првата половина на 5 век, во писмата на нејзиниот ученик Синесиј од Кирин, во познатиот лексикон „Суда“ од доста подоцнежен период, и во хрониките на Јован Малала.

Не е лесно да се утврди ни точното време на нејзиното раѓање. Мислењето на современите истражувачи се разликува, според едни – таа е родена меѓу 355 и 360 година, а други сметаат дека Хипатија на свет дошла во 370 година.

Љубовта кон науката, особено кон математиката, ја наследила од татко ѝ Теон, кој според некои податоци бил последен раководител на александрискиот „Музеон“, храмот на музите, кој бил своевидно училиште за уметност и наука со голема и долга традиција. Теон бил математичар и астроном, повторно ги објавил Еуклидовите дела, кои се сметаат, особено „Елементи“, за најзначаен математички дел од античкиот свет.

Теон пишувал и коментари на делата на Птоломеј, од областа на математиката, астрономијата и географијата. Во овие работи му помагала и надарената ќерка Хипатија, која со текот на времето го надминала и својот татко. Така станала позната по своите коментари за третата книга од делата на Птоломеј „Syntaxis Matematicа“ која е преведена на арапски под наслов „Алмагесто“, што на арапски значи „највисоко“.

Александрија е создадена во 331 година пред нашата ера и во овој град постоела најголемата библиотека во античкиот свет. До раѓањето на Хипатија, ова место имало зад себе над 7 века блескава научна и интелектуална историја. Хипатија во Александрија предавала меѓу другото и филозофија, за Платон и Аристотел, а преку Плотин, мислителот од третиот век се запознала со неоплатонските идеи. Со својата ученост ги надминувала современиците и била исклучително ретка жена, за која се зборувало со големо задоволство.

Во тоа време христијанството било во развој и водело до спорови сопаганските религии и филозофии. Екиктот на императорот Теодосиј, кој се заложувал за практикување пагански обреди, многу придонел за судирот меѓу христијанството и припадниците на старата вера.

Ропството како модел донело во Александрија нови промени што ја одзеле животноста на класичната цивилизација. Хипатија, покрај сите свои интелектуални моќи, била и убавица, која ја проселе многумина. Сепак, одбила да се омажи. Се наоѓа во епицентарот на моќните општествени сили, а имала и одредено политичко влијание во градот.

Кирил, александрискиот патријарх, не ја поднесувал поради нејзиното пријателство со Римјанинот Орест, со кого бил во лоши односи по судирот со христијаните и Евреите. Римскиот намесник бил огорчен од патријархот сметајќи го виновен за заминување на Евреите од градот, што им штетело на економските интереси.

Хипатија поради сето тоа се нашла во епицентарот на случувањата. Ѝ било замерено што се дружи со Орест, а христијанските кругови ја обвинувале дека таа лошо влијае на римскиот намесник. Се покажало дека овие обвинувања се доволни за најголемите следбеници на александрискиот патријарх, па тие на многу суров начин ја напаѓаат Хипатија и на крајот ја убиваат. Додека во една пригода во март 415 година со кочија одела кон Библиотеката, наишла на гневни луѓе, кои ја сопреле и извлекле од кочијата. Ѝ ја соблекле облеката, ја претепале и жива ја одрале. Посмртните остатоци се спалени, а нејзините дела уништени.

“Aspasius, I want you to imagine that this is the Earth, and that each of these flames represent the two extreme…

Publiée par Hypatia of Alexandria sur Jeudi 20 juin 2013

Нејзината слабост била во тоа што не била популарна кај масите, ниту христијанските ниту паганските. Никогаш не се обидела да ги задоволи „обичните“ луѓе. Затоа, нејзините непријатели ја  сметале за вештерка која, со црна магија, поттикнала раздор само за да го контролира градот.

Се претпоставува дека околу 415 година, се случила подготвената заседа. Додека Хипатија се враќала дома, била киднапирана и однесена во црквата наречена Кесарија, поранешен храм посветен на царскиот култ. Не грижејќи се за нејзината возраст, гневниците ја соблекле и ја удирале со скршени парчиња керамика. Нејзиното тело било распарчено, а потоа било влечено низ улиците за најпосле да биде и запалено. Без оглед на легендата што со тек на време била вткаена околу Хипатија, нејзината ужасна несреќа сведочи за ужасите на религиско-политичкиот фанатизам.

Смртта на Хипатија всушност е почеток на мрачната доба на Александрија, чиј врв секако е спалувањето на најголемата библиотека во светот. И до денес не се знае што сè и какви знаења во себе чувала оваа престижна библиотека и што е засекогаш загубено и претворено во прашина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот