Била 5 месеци во кома по породувањето: Северина со трогателни зборови го расплака регионот

Хрватската пејачка Северина Којиќ со своите следбеници на Инстаграм редовно ги дели моментите од својот брачен живот. А она што одлучи да го покаже овој пат расплака многумина.

Имено, таа се присетила на своето детство и објави слика со својата мајка, а пораката која ја следи веќе емотивната фотографија носи солзи на очите.

„Била пет месеци во кома по породувањето со мене, но преживеала и веднаш ме научи дека може и да умре поради мене, како и јас за својот син, но дека ќе биде посреќна, многу повеќе среќна да живее за нас…  Фала ти, мама…за се“, напиша Севе во описот на фотката, со што ги разнежни следбениците.

„Личиш на твојата мајка“, „Мајчината сила и љубов се најсилни на светот“, се само некои од коментарите на нејзините фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот