Бил во контакт со позитивен телохранител на ковид-19: Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во карантин

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е во карантин, откако негов телохранител бил позитивен на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, јави агенцијата ДПА.

Агенцијата појасни дека првичниот материјал за тест што бил земен од шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација  поради коронавирус.

Канцеларката Ангела Меркел мина две недели во домашен карантин во март по контакт со лекар кој бил позитивен на вирусот. Во тоа време тестовите и беа негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот