БИЛ НА ЕДНОДНЕВЕН ОТПУСТ: Убиец осуден на доживотен затвор е херојoт на мостот во Лондон (ФОТО)

Џејмс Форд, еден од сведоците на терористичкиот напад, и самиот е убиец кој е осуден на доживотна затворска казна.

Форд во 2003 ја убил Аманда Чемпион, а за време на инцидентот на лондонскиот мост бил на еднодневен отпуст од затвор.

Џејмс Форд / Фото / PA/PA Archive/PA Image

Форд се обидувал да спаси една од жртвите и да го разоружа Усман Кан, терористот кој го извршил нападот. Претходно тој бил на конференција „Учиме заедно“, посветена на рехабилитација на затворениците. На таа конференција бил и Кан, кога се заканил дека ќе ја „крене зградата во воздух“, пренесува Индипендент.

Аманда Чемпион / Принтскрин / Independent.uk

„Тој е убиец на еднодневен отпуст за што ние како фамилија на убиената не бевме известени. Тој уби девојка со ментално пореметување. Тој не е херој, не ме интересира што направил на мостот“, рекла Анџела Кокс, роднина на убиената Аманда.

Аманда Чемпион била пронајдена во 2003 година со пресечен врат, три недели откако исчезнала. Форд бил уапсен подоцна и го признал убиството, но никогаш не изнел причина заради која го сторил тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот