БИЛ КЛИНТОН ВО СИН ФУСТАН И ЦРВЕНИ ПОТПЕТИЦИ: Бизарен портрет во домот на ПЕДОФИЛОТ (ФОТО)

Фото: Profimedia

Џефри Епстајн, милијардерот обвинет за педофилија кој неодамна се самоуби, во својата вила на Менхетн имал бизарен портрет од Бил Клинтон.

На оваа слика, Клинтон е прикажан како седи во претседателската канцеларија во син фустан, која потсетува на оној кој го носеше Моника Левински. Исто така, овој фустан личи и на фустанот кој го носеше Хилари Клинтон во 2009 година.

Во прашање е дело „Разделениот бил“ на австралиско-американската сликарка Петрин Рајан Клајд, а не е познато дали Епстајн ја купил.

Сликата е фотографирана тајно во раскошната куќа на педофилот, во октомври 2012 година, четири години откако Епстајн ја заклучи работата со подведување малолетници и седум години пред да биде обвинет дека управува со ланец за трговија со секс со малолетни девојки.

Жената која на медиумите им ја откри фотографијата рекла дека била шокирана кога го видела портретот низ отворената врата додека поминувала низ куќата со својот деловен партнер. Таа за Дејли мејл ТВ изјавила:

– Тоа апсолутно беше Бил Клинтон. Беше шокантно – тоа дефинитивно беше негова слика. Тоа беше една многу провокативна и сексуална слика. Носеше потпетици, син фустан, а раката му беше во чудна положба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот