Бил Клинтон е позитивен на коронавирусот

Бил Клинтон/Фото: МИА

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека има благи симптоми.

„Благодарен сум што сум вакциниран и зајакнат, што го направи мојот случај благ и ги повикувам сите да го сторат истото, особено додека преминуваме во зимските месеци“, напиша Клинтон на Твитер.

76-годишниот поранешен претседател лани беше примен во болница поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во неговиот крвоток. Тој имаше и четирикратна операција на срцето со бајпас во 2004 година, а му беа ставени и два стента во 2010 година.

Клинтон е последниот од американските претседатели кој се зарази со коронавирусот. Актуелниот претседател Џо Бајден се зарази летово, а неговиот претходник, Доналд Трамп, беше позитивен во октомври 2020 година. Поранешниот претседател Барак Обама, исто така имаше благ случај на почетокот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот