Бил Гејтс: Затворете буквално сè на 10 недели, само така ќе го победиме вирусот, сè друго е катастрофа

Фото: EPA / Pete Marovich

Во некои држави плажите и натаму се отворени, во други рестораните и натаму работат за оние кои би сакале да седнат и да јадат. Ова е рецепт за катастрофа.

Човекот кој изминативе години гласно го предупредуваше светот и  за жал предвиде дека следната пандемија е на прагот, повторно споделува битни совети за ситуацијата со коронавирусот. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс во својот авторски текст за  Вашингтон пост апелираше на властите во САД да затворат буквално сè, и тоа во период од најмалку 10 недели, за да се добие битката против коронавирусот. 

Ова се најважните делови од неговото четиво :

„Нема сомнение дека САД ја пропуштија можноста да бидат во предност во борбата со коронавирусот. Но сè уште има простор за донесување на важни одлуки. Изборите кои ги правиме ние и нашите лидери денеска ќе имаат огромно влијание на тоа колку брзо случаите со заболени ќе почнат да опаѓаат, колку долго економијата ќе остане угасена и колку Американци ќе мораат да погребат сакано лице поради Ковид -19.

Низ работата со „Фондацијата“ разговарав со експертите и со лидертите во Вашингтон и ширум земјата.

Ми стана јасно дека мора да преземеме три чекори.

Прво, потребен ни е доследен национален пристап на затворење на сè. И покрај повиците на експертите за јавно здравје, некои држави и окрузи не затвориле сè. Во некои држави плажите и натаму се отворени, во други рестораните и натаму работат за оние кои би сакале да седнат и да јадат.

Ова е рецепт за катастрофа. Зошто ако луѓето можат слободно да патуваат преку државните граници, така може и вирусот. Официјалните државни лица мора да бидат јасни: Затворањето било каде значи затворање секаде!

Сè додека бројот на заболени не почне да паѓа ширум Америка – што би можело да биде за 10 недели или повеќе – никој не може да продолжи со работењето како и вообиачено или да не го почитува запирањето на работата. Секоја конфузија околу оваа точка само ќе ја продолжи економската болка, ќе ги зголеми изгледите дека вирусот ќе се врати и ќе предизвика повеќе смртни случаи.

Второ, сојузната влада треба да го засили тестирањето. Треба да бидат достапни многу повеќе тестови. Исто така би требало да ги обединиме резултатите така што ќе може брзо да ги идентификуваме потенцијалните волонтери за клинички испитувања и да знаеме кога е време да се вратиме во нормала. Има и добри примери – државата Њујорк неодамна го прошири својот капацитет на повеќе од 20.000 тестови дневно.

Конечно, за да ја окончаме болеста, потребна ни е безбедна и ефикасна вакција. Ако правиме сè како што треба, би можеле да ја имаме за помалку од 18 месеци што би била најбрзо развиена вакцина било кога“, истакна Бил Гејтс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот