Бил Гејтс: Вештачката интелигенција мора да им биде достапна на сите

Бидејќи тензиите меѓу САД и Кина не се намалуваат, се почесто може да се слушнат гласини за трка за вооружување меѓу двете земји на полето на вештачката интелигенција, а коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, неодамна кажа дека не може да сфати како разграничувањето или ограничувањето на научните истражувања би можело воошто да функционира.

– Не можете да донесувате одлуки кои ќе ги делите со други, а кои велат дека не смеете некому нешто да дадете, бидејќи неговата баба е Кинезинка. Тоа нема да функционира – истакна Гејтс на научна конференција организирана од Блумберг во Пекинг

САД долго време имаше полза од отвореното споделување на резултатите од научните истражувања, што и натаму е огромна предност, посебно на полето на вештачката интелигенција, пренесе Б92.

Гејтс е сосема уверен дека нема алтернатива за таквиот тристап.

– Кој и да има отворен систем, ќе биде во огромна предност, Можете сосема да ги игнорирате сите кои ќе се обидат да ги затворат своите системи – порача Гејтс.

Тој го посети Истражувачкиот центар на Мајкрософт во Пекинг, што се занимава токму со вештачката интелигенција.

Гејст нагласи дека споделувањето на резултатите од научните истражувања е една од причините што вработените во тој центар и дошле да работат во Мајкрософт и додаде дека тие сигурно ќе си заминале да работат на други места доколку кај нив немале таков пристап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот