Бил Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на следната година

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER
Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча” и телевизискиот канал ТВН24.
„Ова е неверојатна трагедија”, рече коосновачот на „Мајкрософт” за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.
„До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала”, истакна Гејтс.
Гејтс, милијардер кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт” во 2014 година, донираше најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс” за глобален одговор на пандемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот