Бил Гејтс: Смртноста од коронавирус може значително да се намали до крајот на годинава

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Гејтс истакна дека има уште два антивирусни лекови кои научниците ги тестираат.

Милијардерот филантроп Бил Гејтс изјави дека лековите за коронавирусот може значително да ја намалат смртноста оваа година, но вакцината ќе биде клучна за да се врати светот во нормала.

– Можете да видите терапевтска корист побрзо од заштитна. Мислам дека има добри шанси да имаме значително намалување на смртноста до крајот на годината со комбинацијата на овие нови инструменти, рече Гејтс во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Коосновачот на „Мајкрософт” и копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс” рече дека ремдесивир е еден од водечките лекови во терапевтското истражување. Ремдесивир е антивирусен лек од „Гилеад Сајнсес”, за кој се покажа дека го намалува ризикот од смрт кај сериозно болни пациенти за 62 проценти во споредба со само стандардно лекување.

Гејтс истакна дека има уште два антивирусни лекови кои научниците ги тестираат.

Фондацијата на милијардерот ги објави плановите во февруари да донира 100 милиони долари за создавање вакцина и пронаоѓање лек за коронавирусот. Донацијата е дел од барањето на Светската здравствена организација да се соберат 675 милиони долари во борбата против коронавирусот. Фондацијата вети нови 1,6 милијарди американски долари за организација која се обидува да ги вакцинира децата во текот на пандемија на коронавирусот.

Иако новите лекови значително ќе им помогнат на заразените со коронавирусот со тешки симптоми, Бил Гејтс предупреди дека „нема да нè вратат во нормала”.

– Се додека навистина не го блокирате ширењето, се додека нема долг период без никој да оди во болница, загриженоста ќе биде присутна, рече тој.

Гејтс е ентузијаст за сите вакцини што ги финансираат САД.

Тој, исто така, ја истакна важноста да се убеди општеството да се вакцинира, ако и кога ќе биде достапна вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот