Бил Гејтс сака да го затемни Сонцето: Милијардерот поддржува контроверзна метода за контрола на климата

Бил Гејтс/Фото: Профимедиа

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и други приватни донори ја поддржуваат Соларната геоинженерска истражувачка програма на Универзитетот Харвард, која наскоро ќе започне нова студија за ефикасноста на блокирањето на сончевата светлина на површината на Земјата.

Оваа недела влијателната американска Национална академија за наука, инженерство и медицина (НАСЕМ) објави нов извештај во кој апелира до владата да вложи најмалку 100 милиони долари во изучување на контроверзната технологија – соларен геоинженеринг, пишува „Популарна механика“.

Што е соларен геоинженеринг?

Геоинженеринг е поем за технологии кои се обидуваат да ги изменат физичките квалитети на Земјата на што е можно поголемо ниво. Еден пример е „сеење на облаци“, вид на модификација на времето кога авионите ги посипуваат облаците со посебна материја за да добијат дожд.

Научниците смислија повеќе начини да ја блокираат сончевата светлина и да ја спречат да ја достигне нашата атмосфера или површина. Сите тие начини се дел од соларниот геоинженеринг. Највообичаен и најмногу проучуван метод е сончевата светлина да се рефлектира од Земјата со помош на аеросолните честички во атмосферата, но до сега тоа беше спореден план.

Фото: Профимедиа

Иако механизмот на студиите на аеросолниот соларен геоинженеринг едонставен – физичката структура на аеросолните честички буквално ја блокира и расипува светлината – реалноста е далеку покомплексна.

Ерупцијата на вулканот во Исланд во 2010 година, кога беше блокирано целото небо се до Европа, е пример на аеросолен настан. Ударот на метеорот кој можеби ги убил диносаурусите ја завитка Земјата во слој на аеросолна прашина. Речиси секоја секојдневна супстанца може да се претвори во аеросол под вистински услови – поимот просто се однесува на било кои воздушни честички кои можат да лебдат во облаците во вид на гас.

Зошто тоа сега се проучува?

Соларниот геоинженеринг со аеросолите се заснова на фактот дека аеросолите често допринесуваат за промена на климата. Научниците велат дека имаат недостаток на конкретни информации, па се потребни дополнителни истражувања.

Најлошото сценарио е дека човековиот вид се соочува со екстремна климатска ситуација, но не знае ништо дури ниту за долгорочните мерки како би се изборила со тој проблем. Заради таа причина, научниците сега бараат големи вложувања во истражување на соларниот геоинженеринг.

Истражувачи од претстојниот проект на Харвард, Експеримент на контролирани стратосферски пореметувања, велат дека мораме да го проучуваме соларниот геоинженеринг во случај да мораме да преземеме драстична акција против климатските промени.

Фото: Профимедиа

Студијата која ја поддржува Гејтс сака да направи истражувачки експеримети со мал обем во атмосферата.

„Планираме да користиме стратосферски балон за да подигнеме пакет на инструменти околу 20 километри во атмосферата. Кога ќе пристигне на локацијата, мала количина на материјали (100 грама – 2 килограми) ќе биде ослободена да создаде пореметување на воздушната маса. Потоа ќе го искористиме истиот балон да ги измериме последиците од промените во пореметената воздушна маса, вклучувајќи ги промените во густината на аеросолите, атмосферските хемии и расипување на светлината“, наведуваат научниците.

Во меѓувреме, НАСЕМ повикал комитет од 16 познати меѓународни научници да развијат соларно геоинженеринг истражување.

„Глобално, од 2015 до 2019 година беа петте најтопли години. Создавањето на овој истражувачки комитет е еден одговор на потребата за разбирање на сите опции за соочување со климатската криза“, навел истражувачот Крис Филд.

Извор: Популарна механика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот